26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Apple“ веќе не е најскапата компанија во светот

„Apple“ веќе не е најскапата компанија во светот

Нафтениот гигант „Saudi Aramco“ е веќе најскапата компанија во светот откако нејзината пазарна капитализација се искачи на ниво со кое ја надмина „Apple“, пишува „Bloomberg“.

Од почетокот на септември, акциите на „Aramco“ додадоа 1,1%, иако цените на нафтата од типот Брент паднаа за 12% на под 40 долари за барел, поради загриженоста на инвеститорите за брзиот раст на епидемијата на коронавирус, што би спречило економско закрепнување.

Акциите на „Apple“, пак, загубија 17 проценти од нивната вредност од почетокот на месецот. Се верува дека со пад од над 20%, пазарната вредност на „Apple“ денес е 1,9 трилиони долари, наспроти 2,3 трилиони долари пред еден месец.

„Apple“ и „Aramco“ се единствените две компании во светот што ја надминаа границата од 2 трилиони долари од нивната пазарна капитализација.

Најголемиот производител на нафта достигна проценка која е близу до онаа од декември 2019-та година, кога беше спроведена рекордната почетна јавна понуда на компанијата. „Apple“ во јули беше меѓу најскапите компании во светот, но денес има уште една промена во рангирањето.

„Aramco“ годинава ќе им подели на своите инвеститори дивиденда од 75 милијарди долари, што е 5 пати повеќе од износот што „Apple“ ќе го издвои за своите акционери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП