АВТОБИЗ

Новиот Cruze одложен за една година

cruse

„GM“ го одложи појавувањето на новиот модел „Chevrolet Cruze“ за една година се со цел компанијата да направи неколку инженерски промени и да оствари дополнителна продажба на актуелниот модел. Се очекува производството на новата верзија да започне кон крајот на 2014-та година.

Меѓутоа производителот соопшти дека стартот на продажбата на овој модел ќе биде поместена за декември 2015-та година. Лидерите на синдикатот во авто-индустријата во Канада веќе ги известија работниците во фабриката во Онтарио за оваа промена.

Наредната верзија на моделот „Cruze“ ќе има во целост изменет дизајн на ентериерот и екстериерот, а овој модел ќе има поголем простор за патниците, како и поголем багажник. Исто така во план имаат да понудат унапредена економичност при потрошувачката на гориво.