19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВеројатно сè уште не е подготвен „Nokia 9.3“, но пристигнува „Nokia 7.3“

Веројатно сè уште не е подготвен „Nokia 9.3“, но пристигнува „Nokia 7.3“

Според информациите, чекањето продолжува. Неименуван извор тврди дека „Nokia 7.3“ пристигнува подоцна во текот на овој месец и дека најверојатно тогаш нема да го видиме моделот „Nokia 9.3“, кој ќе биде претставен кон крајот на годината.

Како доказ за тие тврдења, изворот укажува на тоа дека „Nokia 7.2“ (објавен во септември минатата година), повеќе не е во производство. Исто така, на тоа укажуваат и продавниците на „Nokia“, каде што телефонот повеќе не е во понудата.

„Nokia 7.3“ би требало да биде претставен на 22-ри септември, а со овој телефон би можеле да ги видиме и моделите „Nokia 6.3“, „3.4“ и „2.4“.

„Nokia 9.3 PureView“, кој веќе неколку пати досега е одложуван, сè уште не е подготвен за премиера. Неодамнешните гласини сугерираа дека се уште не е ни почнато масовното производство на телефонот, а почетокот се очекува во текот на октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП