Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Горан Сладиќ – нов генерален директор на Пивара Скопје

Време: 13:22

Датум: септември 14, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Од 1. септември 2020 функцијата генерален директор на Пивара Скопје ја извршува Горан Сладиќ. Тој на оваа позиција доаѓа по Дан Тимотин, кој е унапреден во генерален директор на Coca-Cola HBC за Чешка и Словачка.

Горан Сладиќ, новиот генерален директор на Пивара Скопје, е искусен менаџер кој ја започнал својата кариера во Coca-Cola HBC во Хрватска во 2003 година. Пред доаѓањето во Пивара Скопје, тој беше на позицијата регионален директор за продажба на Coca-Cola HBC во Нигерија, што ја извршуваше од 2017 година. За време на неговиот ангажман во Нигерија компанијата постигна рекордни продажни резултати и беа воведени многубројни иновативни решенија кои ги унапредија продажните капацитети. Благодарение на неговата посветеност на развојот на човечките потенцијали, тој создаде силен тим во кој неколку компаниски таленти беа развиени и унапредени. Пред преземањето на функцијата во Нигерија, Сладиќ бил одговорен за сегментот на премиум жестоки пијалаци на Coca-Cola HBC во Југоисточна Европа.

„Доаѓањето на чело на тимот на Пивара Скопје е новиот голем предизвик за мене, кој ми дава голема енергија и ме инспирира да започнам ново развојно поглавје. Можам да гарантирам дека ќе бидам посветен на поддршка и забрзување на силната агенда на континуитет на она што Пивара Скопје како компанија го има вложено досега и сѐ работело посветено за да се оствари. Агендата на континуитет ќе се темели на три главни столба. Првиот секако е силната традиција на Пивара Скопје, вториот е фокусот на иновациите и градењето доверба кај купувачите и потрошувачите во уникатните вредности и можности на нашите брендови, а третиот столб ја претставува нашата апсолутна посветеност кон луѓето и развојот на талентите“, изјави новиот генерален директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ, веднаш по стапувањето на функцијата.

Извонредните резултати што досега ги остварил Горан Сладиќ, извршувајќи различни раководни функции во системот на Coca-Cola HBC, дополнети со неговата стручност, посветеност и способност за мотивирање на сите членови на тимот да го дадат својот максимум, претставуваат гаранција дека со неговото лидерство Пивара Скопје ќе продолжи со одржливиот развој, со јакнењето на позициите на пазарот и високото ниво на доверба и задоволство на потрошувачите, како и со реализацијата на бројни општествено-одговорни проекти значајни за заедницата.

Пивара Скопје веќе 98 години е присутна на домашниот пазар на пиво и безалкохони пијалаци. Компанијата е дел од системите на Coca-Cola HBC и HEINEKEN N.V.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Mitsubishi“ планира да се раздели со 500-600 вработени

    „Mitsubishi“ планира да се раздели со 500-600 вработени

    „Mitsubishi Motors“ ќе побара 500-600 вработени, главно од раководството, доброволно да се пензионираат. Идејата е ова да се случи во Јапонија од средината на ноември,…

  • 3.500 компании го тужат Трамп

    3.500 компании го тужат Трамп

    Околу 3.500 американски компании, меѓу кои се и „Tesla“ и „Ford“, во последниве две недели ја тужеа администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради воведувањето на…

  • Основачот на „Spotify“ ќе инвестира 1 милијарда евра во европски стартапи

    Основачот на „Spotify“ ќе инвестира 1 милијарда евра во европски стартапи

    Извршниот директор на шведската музичка платформа „Spotify“, Даниел Ек објави дека ќе искористи 1 милијарда евра од неговите лични средства за да инвестира во европски…

  • НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење

    НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење

    Оваа година, по девети пат, НЛБ Банка го организира НЛБ Месецот на штедење на тема: „Ги истражуваме убавините на нашата земја со Тиби и Штуки!”.…

  • Уште еден енергетски гигант се подготвува да покаже „црвен картон“ на нафтата

    Уште еден енергетски гигант се подготвува да покаже „црвен картон“ на нафтата

    Француската енергетска групација „Total SE“ ќе престане да рафинира нафта во регионот на Париз и ќе инвестира над 500 милиони евра до 2024-та година, заменувајќи…

  • 7 врвни филмски наслови на репертоарот на А1 Drive-in киното

    7 врвни филмски наслови на репертоарот на А1 Drive-in киното

    Со најавата за отворање на A1 Drive-in киното на 29 септември со повеќекратниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019), A1 Македонија го објави и целосниот репертоар на…

  • Eдна од најголемите австралиски банки заработи рекордна глоба

    Eдна од најголемите австралиски банки заработи рекордна глоба

    „Westpac“, една од најголемите австралиски банки, се согласи да плати рекордна казна од скоро една милијарда долари за систематско дозволување на перење пари. Компанијата денес…

  • Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

    Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

    Вчера, официјално завршија активностите околу уредувањето на зелениот корнер, на десната страна од популарната „коцка“ во средината на ТЦ Лептокарија. Уредувањето на овој јавен простор…

  • Две кампањи на Њу момент во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс“

    Две кампањи на Њу момент во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс“

    Две кампањи на маркетинг-агенцијата Њу Момент, Њу идеас компани – Скопје, „Кога пчелите ќе стивнат“ и герила-акцијата „Ослободување на дрвјата“ продуцирани и реализирани во изминатава…

  • ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

    ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

    ИутеКредит Европа, водечка европска компанија за лични финансии, по унапредувањето на својата позиција на Регулираниот Пазар, е првата компанија од Естонија која влегува во Генералниот…