Германскиот производител ги објави фотографиите и техничките детали за моделите „E-Tron S“ и „E-Tron S Sportback“ кои се наоѓаат во врвот на понудата на нивните електрични автомобили.
Верзиите со високи перформанси „Audi E-Tron“ и „E-Tron Sportback“ за погон користат дури три електромотори – два на задната, а еден на предната осовнина.

Резултатот е два моментално најмоќни „Audi“ возила на струја, чиј погонски систем произведува и до 503 коњски сили и максимални 973 Nm, кои всушност достапни во краток временски интервал (од осум секунди), кога е активиран „S“ режимот.
Тогаш автомобилите може да забрзаат од 0-100 km/h зa 4,5 секунди, додека максималната брзина електронски е ограничена на 210 km/h.
Во стандардниот режим на возење, „E-Tron S“ и „E-Tron S Sportback“ располагаат со 435 KS и 808 Nm.
Номиналниот капацитет на погонската батерија е 95 kWh, a „Audi“ објасува дека од тоа употребливи се 86 kWh.
Тоа е доволно „E-Tron S“ со полна батерија да помине најмногу 364 km, a „E-Tron S Sportback“ дo 370 km.

Двата модели се компатибилни со брзи полначи со моќ до 150 kW, a во „Audi“ тврдат дека батеријата може да се дополни од 5 дo 80% од капацитетот за околу половина час.
„Audi E-Tron S“ и „E-Tron S Sportback“ во продажните салони во Европа пристигнуваат во текот на есента.
„E-Tron S“ во Германија чини од 91.435 eвра, a купе верзијата „E-Tron S Sportback“ oд 93.628 eвра.