28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Nestle“: Подготвени сме за повеќе аквизиции

„Nestle“: Подготвени сме за повеќе аквизиции

„Nestle“ ќе направи повеќе аквизиции, исто така големи, изјави главниот финансиски директор на гигантот за храна, цитиран од „Reuters“.

„Бевме многу дисциплинирани, но тоа не спречи да направиме значајни аквизиции – „Starbucks“, „Atrium“, сега и „Aimmune“ и веројатно ќе има уште во иднина, затоа што навистина сакаме да го направиме тоа“, рече Франсоа-Ксавиер Роџер.

Роџер тврди дека „Nestle“ не сака да ја намали големината на компанијата или нејзините размери, така што аквизициите се јасно на дневен ред, доколку одговараат на стратегијата и културата на компанијата и нудат соодветно финансиско враќање.

Според него, апетитот на „Nestle“ е поврзан со храна, здравје или категории со висок раст, но не само тоа. „Можеме да инвестираме надвор од овие категории со висок раст ако ги најдеме вистинските можности“, рече Роџерс.

„Во иднина ќе има одредено подобрување на маргините, но не во иста мера, бидејќи ќе искористиме дел од заштедите за поддршка на нашиот раст, т.е. во суштина, трошоците за маркетинг и трошоците за одржливост ќе се зголемат“, рече тој.

Во јули, „Nestle“ рече дека има за цел 2-3% раст на продажбата на органски производи оваа година, бидејќи побарувачката за висококвалитетна храна за домашни миленици и здравствени производи остана поголема во вториот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП