20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Tesla“ добива сериозна конкуренција: Електричниот „Lucid Air“ има автономија од 832 km!...

„Tesla“ добива сериозна конкуренција: Електричниот „Lucid Air“ има автономија од 832 km! (ФОТО/ВИДЕО)

По четири години тестирања и прикажувањето на прототипи, „Lucid Motors“ jа откри продукциската верзија на својата луксузна лимузина на електрина енергија.

Во последниве неколку години многу стартап компании, по примерот на „Teslа“, најавуваа влез на пазарот на електрични автомобили, но малку од нив успеаа да дојдат до фазата за сериско производство.

„Lucid Motors“ сега е многу блиску до тоа, отако ја претстави продукциската верзија на својата луксузна електрична лимузина – моделот „Air“, кој би можел да ги помати сметките на „Teslа“, барем кога станува збор за продажбата на „Model S“.

Американците имаат на располагање четири конфигурации. Најинтересна е комбинацијата од батерии од 113 kWh и два електромотори со над 1.080 ks. Во оваа „Dream Edition“, тој стигнува до 96 km/h за 2,5 секунди, и четвртина милја за неверојатни 9,9 секунди со излезна брзина од 232 километри на час. Максималната брзина е ограничен на 270 km/h.

Од друга страна, позиционирана е почетната верзија „Air“, проследена со „Air Touring“ и „Air Grand Touring“. Последниот е сè уште исклучително брз: 3 секунди до 96 km/h и четвртина милја за 10,8 секунди.

Ако се прашувате колкав е опсегот, работите се како што следува. Со специјални 19-инчни „AeroRange“ тркала, автомобилот достигна рекорд од 832 километри. Најсилната изведба има опсег од, сепак одлични 748 km.

Верзијата „Air Touring“ има „само“ 620 km, така што стигнува до 96 km/h за 3,2 секунди и четвртина милја за 11,4 секунди (198 km/h), според класификацијата „EPA“, опсегот е 653 km.

Пазарот веројатно сè уште се следи и се бара оптимална комбинација на цена и перформанси.

Во однос на полнењето, производителот гарантира 32 km опсег за една минута полнење, или 482 km за 20 минути.

„Lucid Air“ не само што е посебен однадвор, туку и плени со неговиот внатрешен дизајн. 34-инчниот закривен 5K екран доминира како дел од пилот-панелот. Доколку е потребно, може да се „скрие“ во рамката. Зголемената површина на шофершајбната и стаклената плоча одзади ќе го комплетираат впечатокот. Исто како и системот за автономно возење на ниво 3 со 32 различни сензори.

И сега најдоброто. Почетната цена е 72.500 американски долари со вклучена државна субвенција од 7.500 американски долари, а таа изведба доаѓа во 2022-ра година. „Air Touring“ доаѓа веќе следната година по цена од 87.500 долари, како и „Air Grand Touring“ за 131.500 долари. Врвните перформанси доаѓаат на пролет по цена од 161.500 долари, исто така со вклучена субвенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП