24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОграничена серија на Lykan Hypersport

Ограничена серија на Lykan Hypersport

lykan

„W Motors“ најави дека ограниченото издание на „Lykan Hypersport“ ќе го одликуваат вратите кои ќе се отвораат наназад. Компанијата чие седиште се наоѓа во Бејрут го најави производството на „Lykan Hypersport“ во почетокот на годината за време на манифестацијата „Qatar Motor Show“.

Сега оваа компанија се подготвува за производниот модел кој на пазарот се очекува за време на одржувањето на саемот за моторни возила во Дубаи. „Lykan Hypersport“ ќе го одликува шестцилиндарски „twin-turbo“ мотор кој постигнува 750ks излезна моќ, како и 1.000Nm вртежен момент.

За забрзување од 0 дo 100km/h на овој модел му е потребно 2.8 секунди пред да ја достигне максималната брзина од 395km/h. „W Motors“ досега произведе само седум автомобили и покрај тоа што во февруари објавија дека досега имаат нарачка за сто примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП