27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна нова италијанска „лута“ машина – „Maserati MC20“! (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна нова италијанска „лута“ машина – „Maserati MC20“! (ФОТО/ВИДЕО)

Новиот суперспортски „Maserati“ ќе може да се нарача со твин-турбо „V6“ мотор, но и во верзија со електричен погон, со што италијанскиот производител покажа дека е во чекор со времето.

„Maserati“ уште од 2014-та година, кога го претстави концептот „Alfieri“, ветуваше нов суперспортски модел.

Конечно, по шест години, италијанскиот производител ги израдува своите фанови.

Сепак, „MC20“ не го дели дизајнот со концептот од 2014-та, а и името е различно, но нема сомнение дека станува збор за исклучителен спортски автомобил кој му беше потребен на „Maserati“ за да ја освежи својата понуда, со оглед дека веќе некое време од овој производител не пристигна нов модел.

Покрај тоа, „MC20“ добро ќе и дојде на компанијата и на маркетиншки план – да ја поттикне продажбата на овој бренд која во моментов стагнира.

Како што веќе споменавме, „Maserati“ се одлучи за две погонски единици, конвенцијалната со „V6“ мотор и современата која користи електромотор.

На тој начин ќе ја задоволи „старата гарда“ која смета дека автомобилите мораат да имаат бензинска погонска единица, но и оние кои се преориентираат на електричен погон.

Што се однесува до бензинскиот мотор, станува збор за целосно нов 3.0-литарски твин-турбо „V6“ со 630 KS (463 kW) и 730 Nm. Агрегатот е поврзан со 8-брзински автоматски менувач со двојно квачило со чија помош „MC20“ забрзува од место до „стотка“ за само 2,9 секунди, додека максималната брзина е 325 km/h.

„Maserati“ се пофали дека новиот мотор во целост е развиен од компанијата, без помош од страна, и дека при проектирањето се користени идеи од Формула 1.

Каросеријата на возилото е изработена од лесни материјали, па „MC20“ има маса од околу 1.500 kg.

„Maserati“ не ги откри спецификациите на електричната верзија, но затоа познати се перформансите на овој автомобил.

„MC20“ на струја од 0 до 100 km/h стигнува за само 2,8 секунди, додека максималната брзина е нешто помала во однос на бензинецот и изнесува 310 km/h.

Во италијанскиот производител тврдат дека електричниот „MC20“ може да помине со полна батерија и до 323 km.

Новиот суперспортски „Maserati“ во продажните салони ќе пристигне во 2021-ва година, по цена од 210.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП