23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„LVMH“ се откажа од аквизицијата на „Tiffany“

„LVMH“ се откажа од аквизицијата на „Tiffany“

Гигантот за производство на луксузни стоки „LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton“  објави дека се откажува од понудата од 16,2 милијарди долари за купување на „Tiffany“. Според компанијата, и американската компанија за накит и француската влада побарале договорот да се одложи по датумот на финализирање наведен во претходниот договор, пишува „Wall Street Journal“.

„LVMH“ соопшти дека Министерството за надворешни работи на Франција испратило писмо во кое ја повикува компанијата да го одложи договорот за по 6-ти јануари 2021-ва година, поради заканата од трговски тарифи од Соединетите држави. „LVMH“ тврди дека „Tiffany“ исто така побарала одложување, но до 31-ви декември годинава.

Во средата, „Tiffany“ објави дека поднела тужба во Делавер со барање за спроведување на договорот, тврдејќи дека „LVMH“ го користела писмото од француските власти како изговор за повлекување.

„Веруваме дека „LVMH“ се обидува да ги искористи сите расположиви средства за да избегне склучување на зделката според договорените услови“, коментира претседателот на „Tiffany“, Роџер Фара. „Но, едноставните факти се дека според францускиот закон, нема причина министерот за надворешни работи да и наложи на компанијата да го прекрши важечкиот и обврзувачки договор“, додава тој.

Договорот за спојување се постави на 24-ти ноември како краен датум за затворање на зделката. „LVMH“ и „Tiffany“ се договорија да го одложат од 24-ти август за 24-ти ноември.

„Tiffany“ тврди дека „LVMH“ не побарала одобрување за спојувањето од неколку клучни локации, вклучувајќи ја и Европската унија, што го отежнува финализирањето на договорот пред 24-ти ноември.

Портпаролот на француското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар.

Она што се случува во моментов, како пандемијата на коронавирусот, ја менува индустријата за луксузни стоки. Брендовите веќе не се потпираат на нескромните количини туристи од Кина и САД, кои купуваат скапи чанти и други производи додека ги посетуваат Париз, Милано или друга дестинација. Овој деловен модел е под закана се додека земјите одржуваат ограничувања за патување.

Планот за купување на компанијата за накит беше најголемото искуство на Бернард Арно, извршениот директор и контролен акционер во „LVMH“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП