„Microsoft“ ќе ја понуди новата конзола „Xbox Series X“ за 499 долари, објави „Xbox“ на „Twitter“.
Компанијата тврди дека „Xbox Series X“ ќе вклучува подобра графика, помоќен процесор, повеќе простор за складирање и технологии како што е следење на светлината, што дава многу пореални слики.
„Microsoft“ објави дека „Xbox Series S“, другата конзола што планира да ја лансира на 10-ти ноември, ќе се продава за 299 долари. Уредот е помал од претходните модели и нема диск.
Стратегијата претставува отстапување од претходните напори на „Microsoft“ да ја вметне својата најнова технологија во единствен систем.
Од „Microsoft“ тврдат дека пред-нарачките за двете конзоли „Xbox“ ќе започнат на 22-ри септември.
Акциите на „Microsoft“ во средата пораснаа за 4,3 проценти и се затворија на 212,29 долари поради закрепнувањето на акциите од технолошкиот сектор. Од почетокот на годината, акциите на „Microsoft“ пораснаа за 34%.