Акциите на „SoftBank“ продолжија да губат од својата вредност и во средата, над 12 милијарди долари од пазарната вредност оваа недела.
Ова се должи на загриженоста за стратегијата за најновата технолошка инвестиција од страна на јапонскиот конгломерат, пишува „CNBC“.
Акциите на компанијата денес се намалија за уште 3% од нивната вредност, оставајќи ја „SoftBank“ со пазарна капитализација од 11,9 трилиони јени (112,1 милијарди долари). Ова е значително пониско од износот од 13,2 трилиони јени (124,4 милијарди долари) колку што беше пред само три трговски сесии.
Падот на капитализацијата се случи по написот во „Financial Times“ во петокот, во кој анонимни извори велат дека „SoftBank“ е мистериозниот инвеститор кој купил акции за милијарди долари во технолошки компании, благодарение на што цените скокнаа.
Во написот се цитира извор кој тврди дека „SoftBank“ се потпирал на големи технолошки имиња како „Tesla“, „Amazon“, „Microsoft“ и „Netflix“, со што се подигна рејтингот во овој сектор.
Минатиот месец, извршниот директор на „SoftBank“, Масајоши Сон, формираше оддел за управување со средства за купување акции во јавно тргувани компании. Нил Камплинг, раководител на истражување во „Mirabaud Securities“, рече дека овој потег го нагласува „повнимателниот“ пристап кон финансиското управување, но тоа е „големо изненадување“ за инвеститорите.
„Ова е нешто што го прави хеџ фонд, а „SoftBank“ не е хеџ фонд и не требаше да биде така, па мислам дека акциите се под притисок оваа недела“, рече Кемплинг. „Мислам дека пазарот ви кажува дека стратегијата е во спротивност со комуникацијата на компанијата“, додава тој.
Според Кемплинг, фокусот на вниманието на инвеститорите ќе биде насочен кон напорите на „SoftBank“ да продаде скапи средства како што е единицата за дизајн на чипови „Arm“. Се вели интерес за купување пројавила компанијата „Nvidia“.