23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle со 14 милијарди приход под очекувањата

Google со 14 милијарди приход под очекувањата

goou

„Google“ ги соопшти резултатите од своето работење во вториот квартал од оваа година. Иако е забележан раст во приходите овој гигант не успеа да ги достигне предвидените очекувања, па поради тоа нивните акции забележаа пад од 5 проценти.

Тие пријавија заработка по акција од 9.54 долари, односно приход од 14.11 милијарди долари што е за 19 проценти повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Меѓутоа аналитичарите предвидуваа заработка по акција од 10.4 долари, а се предвидуваше раст од 20 проценти во однос на 2012-та година.

Остварениот нето-приход изнесуваше 3.23 милијарди долари.

„Ова беше одличен квартал за „Google“ со преку 14 милијарди долари приходи. Со повеќе уреди, повеќе информации и повеќе „online“ активности како никогаш претходно имаме огромен потенцијал да го унапредиме животот на луѓето“, вели извршниот директор Лери Пејџ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП