24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАForbes: Џеф Безос трета година по ред најбогат Американец

Forbes: Џеф Безос трета година по ред најбогат Американец

Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос го задржа првото место на годишното рангирање на Форбс на 400 најбогати Американци, додека американскиот претседател Доналд Трамп падна од 275-то место минатата година на 352-та позиција оваа година.

И покрај пандемијата од Ковид-19, американските супербогаташи одат напред подобро од кога било, пишува Форбс по повод 39 годишната ранг-листа на најбогати луѓе во САД, што беше објавена во вторникот.

Вкупното богатство на 400 рангирани Американци оваа година е 3.200 милијарди долари, што е зголемување за осум проценти во однос на претходната година и рекордно ниво според Форбс за четири децении следење на богатството на американските милијардери.

Безос, основачот и шеф на Амазон, остана и во 2020 година, трета година по ред, на врвот на листата на Форбс на најбогати Американци, со богатство од 179 милијарди долари, пресметано врз основа на вредноста на акциите и курсот на 24 јули, кое во однос на минатата година е зголемено за 57 проценти.

Сепак, Форбс оттогаш објави дека на крајот на август нето-вредноста на Безос достигна рекордни 200 милијарди долари и дека тој е првиот во историјата чие богатство го надминало тој праг.

Тревор Милтон е најмладиот богат човек

Дури 25 богаташи не се најдоа на ранг-листата оваа година во однос на минатата година, од кои десет дури испаднаа од списокот, делумно поради загубите што им ги предизвика пандемијата на вирусот корона, се вели во извештајот на официјалната веб-страница на Форбс.

Истовремено, на листата се најдоа 18 „новопечени“ најбогати Американци, вклучувајќи ги: Ерик Јуан, главен извршен директор на „Zoom Video Communications“, чија нето вредност е 11 милијарди долари; Џим Кох, ко-основач и претседател на “The Boston Beer”, со богатство од 2,6 милијарди долари; и најмладиот новодојденец Тревор Милтон (38), основач на компанијата “Nikola” за производство на електрични и хибридни камиони со погон на водород и струја.

Доналд Трамп падна за 77 места на 352-то место, а неговата нето-вредност падна на 2,5 милијарди долари од ланските 3,1 милијарди долари поради падот на вредноста на неговите деловни згради, хотели и одморалишта, поради пандемијата од Ковид-19. .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП