5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на заразени со коронавирус во Македонија надмина 15.000 лица од почетокот...

Бројот на заразени со коронавирус во Македонија надмина 15.000 лица од почетокот на пандемијата

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.090, откако вчера беа потврдени 92 нови случаи на заразени.

Според последните податоци, бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.238 лица.

Најмногу активни случаи има во Скопје- 754, Куманово – 262, Прилеп – 152, Гостивар – 136, Тетово – 124 и Штип – 106.

Од скопските општини, најмногу заразени во моментов има во Аеродром – 112, Чаир – 85, Гази Баба и Карпош со по 82 активни случаи, Кисела Вода -80 и Центар – 76.

Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП