Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.08 – 31.08.2020 година вкупниот промет изнесувал 326.537.141 денари и е намален за 14,67 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 203.789.308 денари и е намалено во однос на јули за 41,49 отсто кога изнесувало 348.296.794 денари.
Блок трансакциите во агвуст изнесувале 122.747.833 денари и се зголемени за 257,11 отсто во однос на јули.
Бројот на трансакции во август изнесувал 865 и е намален за 34,42 отсто во однос на јули кога изнесувал 1.319.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за август се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.
Месечниот статистички билтен за август 2020 година можете да го погледнете тука.