25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ја победи Ерменија со 2:1

Македонија ја победи Ерменија со 2:1

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа стартуваше во новата сезона во Лигата на нации. Во Ц-сегментот, во Групата 2, Македонија во Скопје ја победи Ерменија со 2:1 (2:0).

Денешниот дуел со Ерменија и оној во вторник против Грузија се последните две проверки за Македонија прет баражот со Косово за пласман на ЕП наредниот месец.

Дуелот започна со гол во раната фаза на Македонија. Елмас по несмасниот старт на Харојан избори пенал во петтата минута, стрелец беше Алиоски.

По примениот гол Ерменците ја презедоа играта, иако избраниците на Ангеловски се заканија преку Николов и Барди.

Во 38. минута Хамбарџумјан го фаулириаше Елмас, а судијата од БиХ уште еднаш покажа на белата точка. Пеналот го реализираше Несторовски. Во финишот на полувремето чуста шанса за Ерменија не реализираше Карпетјан.

Ерменците беа подобри во вториот дел. Опасно се заканија преку Барсегјан и Бабајан по голот на Шиковски, а во 78 минута голема шанса не реализираше Григоријан. Во судиското надополнување на времето Бриаско имаше шанса за Ерменија, а Трајковски за Македонија.

На истекот на натпреварот Ермениците добија пенал, а Барсегјан го постави конечниот резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП