25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкротираше најголемиот бордел во Германија

Банкротираше најголемиот бордел во Германија

Еден од најголемите бордели во Европа поднесе документи за банкрот откако претрпе големи загуби поради мерките против ширењето на ковид-19 во Германија, пренесува „ВВС“.

10-катниот клуб „Pascha“ е еден од современите симболи на Келн.

Сепак, проституцијата е забранета во државата Северна Рајна-Вестфалија од почетокот на епидемијата во земјата.

„Pascha“ вработува околу 120 придружнички, како и повеќе од 60 службени лица, вклучително и фризерки и готвачи.

„Ние сме на самиот крај“, рече Армин Лобшид, извршен директор на борделот.

Тој ја обвинува германската влада за начинот на кој тие дејствувале за време на пандемијата.

Според него, тие не му дале никакви појаснуања за бизнисот и кога ќе може да продолжи со своите активности.

Според него, властите едноставно го информираат на секои две недели дека отворањето на клубот сè уште не е дозволено.

„Не можеме да планираме на овој начин. Ќе се обидме да го избегнеме банкротот со помош на банките, но само ако можеше да гарантираме дека повторно ќе се отвориме на почетокот на следната година“, објасни Лобшид.

Според него, има луѓе кои продолжуваат да нудат сексуални услуги дури и за време на пандемијата, но „на црно“ и без да плаќаат даноци.

Тој не е единствениот што го покренува ова прашање.

Невладините организации во Германија предупредија дека затворањето на легалните бордели ќе го загрози животот и здравјето на придружничките бидејќи тие ќе бидат принудени да работат на „црно“ за да може да егзистираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП