20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Macy's“ објави помала загуба отколку што се очекуваше

„Macy’s“ објави помала загуба отколку што се очекуваше

„Macy’s“ објави квартална загуба помала од предвидената и ги надмина проценките за приходите од продажба бидејќи купувачите кои имаа ограничување во движењето поради ковид-19 купија повеќе облека преку апликацијата и веб-страницата на компанијата.

Акциите на ланецот, кои изгубија скоро 60 проценти од својата вредност од почетокот на годинава, пораснаа за 6 проценти пред да започне тргувањето во САД.

За да се справи со затворањето на трговските центри и продавници заради блокадите поврзани со контролата на коронавирусот, „Macy’ѕ“ се фокусираше на својот бизнис преку Интернет. Компанијата им даде можност на своите клиенти да купуваат преку Интернет, но да ги земаат од нејзините продавници.

Оваа стратегија успеа да ја зголеми продажбата за 53% во вториот квартал, кој заврши на 1-ви август.

Нето-продажбата падна за 35,8 проценти на 3,56 милијарди долари, но ја надмина просечната прогноза на аналитичарите од 3,48 милијарди долари, според „ Refinitiv “.

Бруто-маржата од 23,6 проценти исто така се зголеми за околу 650 основни поени во споредба со претходниот квартал.

На прилагодена основа, компанијата изгуби 81 цент по акција наспроти прогнозата за загуба од 1,77 долари по акција.

Нето загубата е 431 милиони долари или 1,39 долари по акција. За споредба, една година порано, „Macy’s“ забележа 86 милиони долари заработка, или 28 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП