25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Norwegian Air“ објави пад од 91% на бројот на патници во август

„Norwegian Air“ објави пад од 91% на бројот на патници во август

„Norwegian Air“, кој се обидува да обезбеди втор круг на финансиско преструктуирање, забележа пад на патниците од 91% во август во однос на претходната година, бидејќи најголемиот дел од нејзината флота остана приземјена поради пандемијата на коронавирусот, пренесува „Reuters“.

Нискобуџетниот авиопревозник соопшти дека ќе користи 25-30 свои авиони во наредните месеци, додека над 100 остануваат во базите.

Кредиторите ја презедоа контролата над „Norwegian Air“ во мај преку финансиска трансакција што му овозможи на превозникот да добие пристап до заеми загарантирани од државата од 3 милијарди норвешки круни (336 милиони долари). Ова спречи финансиски колапс на компанијата.

Минатата недела компанијата соопшти дека се надева дека ќе го заврши вториот круг на рефинансирање до крајот на годината за да се избегне истекување на средствата до април 2021-ва година, додека преговараше со норвешката влада за дополнителна поддршка.

„Тековната криза, која ја погоди целата авионска индустрија, продолжува да создава несигурност на сите пазари, со што потребата за долгорочен пакет за поддршка на ликвидноста станува уште посуштинска за заштита на туризмот, работните места и меѓународната трговија“, рече извршниот директор на „Norwegian Air“, Јакоб Шрам.

Финансирањето може да се обезбеди преку продажба на авиони, претворање на дополнителен долг во капитал или преку средства од акционерите и норвешката влада.

Во август „Norwegian Air“ пријави само 313.316 превезени патници, наспроти 3,5 милиони во август 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП