ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарскиот сектор повторно на врвот на табелата по профитабилност

Банкарскиот сектор повторно на врвот на табелата по профитабилност

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.06.2020 година.

Од вкупно 100 компании, 64 завршиле со добивка, 33 компании завршиле со загуба, а 3 немаат објавено резултати за првото полугодие од 2020 година.

По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 951.556.000 денари Стопанска банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Комерцијална банка АД Скопје со добивка од 751.808.000 денари и на третото место е НЛБ Банка АД Скопје со добивка од 705.377.000 денари.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски Телеком АД скопје, Цементарница УСЈЕ, Алкалоид АД Скопје, Мермерен комбинат, Охридска банка, УНИ банка и Гранит АД Скопје

Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП