26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПиј го омиленото кафе и стани Grand милионер!

Пиј го омиленото кафе и стани Grand милионер!

Што би направиле доколку станете милионер? Дали своите блиски ќе ги израдувате со некој поклон за кој долго време маштаат, или ќе го купите автомобилот од вашите соништа? Можеби сметате дека попаметно би било да инвестирате во недвижнини или во хартии од вредност?! Каков и да е одговорот, најпрво треба да најдете начин да станете милионер. Со наградната игра „Стани Гранд милионер“ имате можност да станете милионер само со пиење на вашето омилено кафе.

Почнувајќи од 02.09.2020 па се’ до 15.12.2020, секоја фискална сметка која содржи барем 200 грама од некој од производите на Grand може да учествува во наградната игра „Стани Гранд милионер“. Со учество во наградната игра имате можност да добивате вредни дневни и неделни награди, но и да бидете еден од тројцата добитници на главни награда од по 1.000.000 денари. Ќе се сложите, никогаш не било полесно да се стане милионер!

За да учествувате во наградната игра, во пријавата треба да бидат впишани бројот на сметката, датумот и времето (час:минута) на нејзино издавање. Пријавувањето може да се изврши преку СМС на бројот 149 491 или преку веб платформата www.stanigrandmilioner.mk, со испраќање на бројот и времето од фискалната сметка која содржи барем 200 г. од било кој производ на Гранд кафе.

Секој ден до крајот на наградната игра ќе бидат извлекувани по пет добитници на мали куќни апарати (миксер, пасатор, блендер, пегла и дигитална вага), еднаш неделно по еден добитник на смарт телевизор, а трите главни награди во поединечна вредност од 1.000.000 денари ќе бидат извлечени на 16.12.2020.

Пиењето на кафе во наредниот период ќе има различен вкус, збогатен со желбата и шансата да се стане милионер! Испратете пријава, испијте го вашето омилено кафе и станете Гранд милионер!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП