26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканските компании должат над 10 трилиони долари

Американските компании должат над 10 трилиони долари

Долгот на американските компании достигна рекордни 10,5 трилиони долари, пренесува „Marketwatch“.

Износот, кој ги вклучува сите заеми и обврзници издадени од американски компании, се зголеми за 30 пати во последните 50 години, се вели во анализата на „Bank of America Global Research“, цитирана од изданието.

Најголем дел учествуваат должничките хартии од вредност со рејтинг на инвестиции (од ААА до БББ) – нивниот износ е двојно зголемен во последните 10 години и достигнува 7,2 трилиони долари.

Ова треба да биде добра вест за доверителите, особено ако американските корпорации ги исполнат очекувањата и почнат да ги отплаќаат своите долгови со нормално темпо по завршувањето на пандемиската криза со ковид-19.

Сепак, фактот дека половина од издадените американски обврзници со рејтинг на инвестиции (околу 3,6 трилиони долари) се, всушност, на најниско ниво во рејтингот – БББ, што е на само еден чекор од таканаречените „ѓубре“ обврзници.

Инвеститорите веќе подолго време предупредуваат дека ако има големи намалувања во светот на корпорациите, пазарот за неинвестиции или таканаречени „ѓубре“ обврзници може да се „поплави“, предизвикувајќи уште поголем пад на цените на долгот.

Овој пазар е три пати помал во обем од оној на обврзници рангирани на инвестиции, потсетува публикацијата.

Интересно е и кои се главните доверители на американските компании. Податоците од „Bank of America Global Research“ на крајот на првиот квартал од 2020-та година покажуваат дека 27% од издадените должнички хартии од вредност ги чуваат странски доверители.

На второ место се американските инвестициски фондови со 22%, а на трето место – осигурителните компании со 20%.

Пензиските фондови во САД поседуваат 11% од корпоративните обврзници, домаќинства и невладини организации – 8%, а остатокот се во рацете на другите доверители.

Сепак, оваа слика може да се промени во вториот квартал, кога на пазарот беа издадени огромна сума на должнички хартии од вредност како резултат на кризата околу пандемијата, објаснува „Marketwatch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП