1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМоделите на „iPhone 12“ чукаат на порта: Протекоа сите цени и спецификации

Моделите на „iPhone 12“ чукаат на порта: Протекоа сите цени и спецификации

Официјалната премиера на моделите „iPhone 12“ и „iPhone 12 Pro“ се наближува, a изгледа дека „протекоа“ и конечните спецификации и цените кои не очекуваат.

Повеќе или помалку сè е како што и се очекуваше, иако има неколку изненадувања.

За овие податоци е заслужен инсајдерот од „Твитер“ со корисничко име „Komiya“.

Најголемо внимание на кориснциите, најверојатно, ќе привлече „iPhone 12“. Цената на овој модел ќе биде 699 долари за верзијата со 128GB меморија, а 799 долари за моделот со 256GB меморија. Од друга страна, „iPhone 12 Max“ ќе чини 799 долари, oдносно 899 долари.

Двата модели ќе имаат „OLED“ екрани, како и идентични две камери на задната страна на телефонот: Една од 12MP и една ултраширока. Се најавува и поголем сензор од претходно, па така би требало фотографиите да бидат поквалитетни од претходните модели.

Разликата меѓу овие два телефони ќе биде во големината на екранот. Па така „iPhone 12“ би требало да има екран од 5,4 инчи, додека „iPhone 12 Max“ ќе има екран од 6,1 инч. Исто така, „notch“ би требало да биде различен, затоа што на „iPhone 12“ моделот ќе биде значително помал.

Што се однесува до телефонот „iPhone 12 Pro“, неговата цена би требало да биде 999 долари за верзијата со 6,1 инч, a „iPhone 12 Pro Max“ ќе чини 1.100 долари за основната верзија со 128GB меморија, додека моделот со 512GB меморија веројатно ќе чини 1.400 долари.

Една разлика меѓу „iPhone 12 Pro“ и „iPhone 12 Pro Max“ моделите би требало да биде во големината на екраните. Исто така „iPhone Pro Max“ ќе има дијагонала на екран од дури 6,7 инчи, а се споменува и освежување на екранот од 120Hz, но и телефото камера и „LIDAR“.

Се поразбира дека сите четири модели ќе ја користат најновата генерација на процесорите на „Apple“ (A14 Bionic), a ќе имаат и поддршка за 5G мрежата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП