22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на „Lego“ порасна за 14 проценти во првата половина од 2020-та

Продажбата на „Lego“ порасна за 14 проценти во првата половина од 2020-та

Продажбата на „Lego“ се зголеми за 14 проценти во првите шест месеци од годинава, бидејќи семејствата принудени од ограничувањата за движење минуваа повеќе време дома барајќи поголема забава, соопшти данскиот производител на играчки.

Семејната компанија „Lego“ се врати на растот по 2017-та година, кога нагло заврши деценијата на двоцифрен раст на продажбата.

Оттогаш, компанијата успеа да го надмине растот на целиот пазар на играчки – тренд што продолжи меѓу јануари и јуни. Познат по своите коцки во различни бои, „Lego“ се бори за удел на пазарот со компании како производителот на „Barbie“ – „Mattel“ и „Hasbro“.

„Видовме многу позитивен развој за време на ограничувањата поради коронавирусот, кога семејствата започнаа да играат и да градат заедно конструкции на „Lego“, рече извршниот директор Нилс Кристијансен во едно интервју.

„Видовме моментум во втората половина од годината откако луѓето почнаа да се враќаат на работа и на училиште. Значи, резултатот не е само ефект од двата месеци кога сите беа дома“, рече Кристијансен, кој ја презеде „Lego“ во 2017-та година.

Минатата година, „Lego“ ги зголеми своите инвестиции во трговијата преку Интернет и на нејзината нова веб-страница, што го зголеми двојно својот број на посетители во првата половина, на 100 милиони.

Иако продажбата се зголеми за 14 проценти во текот на периодот, приходите се зголемија за само 7 проценти на 15,7 милијарди дански круни (2,5 милијарди долари). Разликата се должи на фактот што трговците го користат акумулираниот инвентар за да ја задоволат побарувачката, бидејќи „Lego“ беше принуден привремено да го прекине производството во Мексико и Кина.

Компанијата беше во можност да го надомести затворањето на повеќето од своите 616 продавници ширум светот со зголемување на продажбата преку Интернет. После тоа, според „Lego“, речиси сите продавници на компанијата ги отворија своите врати.

Оперативната добивка се зголеми за 11% на 3,9 милијарди круни, додаде компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП