Имајќи ги предвид продолжените ефекти од ковид-кризатa, Народната банка одржа неколку состаноци со претставници на Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со втор период на одложена отплата на обврските на клиентите по основ на кредит.

“По завршување на анализите и по неколку одржани состаноци со претставници на МБА, ја известуваме јавноста”:
Регулаторната можност банките на своите клиенти да им понудат и втора промена на договорните услови за кредитни производи треба да придонесе за натамошна поддршка на економијата во целина, во справувањето со предизвиците наметнати од ковид-кризата.
Народната банка постојано ги следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, како и нивните ефекти врз домашната економија и доколку биде потребно, подготвена е соодветно да ги приспособува политиките и навремено да реагира со натамошни мерки, во согласност со своите надлежности.