28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ferrari“ сепак се откажа од својот најпрактичен модел (ФОТО+ВИДЕО)

„Ferrari“ сепак се откажа од својот најпрактичен модел (ФОТО+ВИДЕО)

Кој не успее да купи „GTC4Lusso“ ќе мора да почека за кросоверот „Purosangue“.

Ерата на најпрактичниот модел на „Ferrari“, „GTC4Lusso“ со три врати, конечно заврши и беше прекинато производството на моделот. Ова го објави „Motor1“, а информацијата официјално ја потврди италијанската компанија.

Само пред неколку дена се тврдеше дека „Shooting Brake“ моделот ќе остане во опсегот на компанијата, но на крајот беше одлучено стратегијата на „Ferrari“, претставена во 2017-та година, да не се спроведе. Во неа беше предвидено „GTC4Lusso“ да го заврши стандардот за животен циклус на моделот.

Светската премиера на „Ferrari GTC4Lusso“ се одржа во март 2016-та година на саемот во Женева. Како и неговиот претходник „FF“, спортското комби со четири места во кабината и четири погонски тркала. Аеродинамиката на моделот беше суштински редизајнирана, бидејќи моќноста на 6,3-литарскиот атмосферски V12 мотор беше зголемена од 660 на 690 ks.

Есента истата година беше претставен „GTC4Lusso T“ – варијанта со погон на задните тркала и 3,9-литарски турбо „V8“ со 610 ks. Сега и оваа верзија е извадена од производство.

Претходно се тврдеше дека „GTC4Lusso“ ќе добие наследник кој ќе се појави истовремено со кросоверот „Purosangue“. Премиерата на автомобилот, дефинирана од компанијата со терминот „Ferrari Utility Vehicle“, е закажана за 2022-ра година, но пандемијата на коронавирусот може да ги промени плановите на производителот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП