20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветската трговија закрепнува побрзо отколку по финансиската криза (ИНФОГРАФИК)

Светската трговија закрепнува побрзо отколку по финансиската криза (ИНФОГРАФИК)

Светската трговија е пред закрепнување побрзо од пандемијата на коронавирусот, отколку што се случи по финансиската криза во 2008-ма година, според пресметките на германскиот институт „IfW Kiel“.

Обемот на испорачана стока е веќе на нивоата што беа потребни повеќе од една година по распадот на „Lehman Brothers“, означувајќи обновување во облик на „V“, рече претседателот на организацијата Габриел Фелбермаер.

Трговијата забележа „длабок колапс и брзо закрепнување“, рече тој, додавајќи дека „сегашната ситуација е многу подобра“ отколку една деценија порано.

Пандемијата ја турка глобалната економија кон можеби најдлабокиот пад само од „Големата депресија“. Првичното закрепнување го одразува укинувањето на строгите ограничувања во справувањето со вирусот, а експертите веќе предупредија да не се избегнува преголем оптимизам дека е завршено најлошото.

На почетокот на минатиот месец, Светската трговска организација посочи дека предвидувањата за силно закрепнување на трговијата во форма на „V“ во 2021-та година, тие можат да бидат „премногу оптимистички расположени“.

Сепак, други, вклучително и Институтот „Kiel“, заземаат пооптимистички став. Во понеделникот, управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, исто така, коментираше дека има „заживување на трговијата“.

Според институтот, активноста за транспорт на контејнери во клучните региони ги поддржува заклучоците на неговите експерти, бидејќи трансферот во Северна и Јужна Америка, Азија и Европа е нормализиран. Капацитетот на товарниот транспорт е повторно на нивоа што би се очекувале на крајот на август, дури и без криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП