27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВака ќе изгледа „Thom Browne Edition“ за „Galaxy Z Fold2“ (ВИДЕО)

Вака ќе изгледа „Thom Browne Edition“ за „Galaxy Z Fold2“ (ВИДЕО)

Компанијата „Samsung“ со тизер видео ја најави премиум верзијата на претстојниот флексибилен смартфон „Galaxy Z Fold2“, наречена „Thom Browne Edition“.

Како што можеше да се очекува, новата премиум верзија дополнително го унапредува смартфонот на преклопување, кој веќе изгледа одлично и го карактеризира комбинација на линии во бои и сива подлога, а дури одговара и модулот на камерата.

„Samsung“ ќе ја користи познатата стратегија како и за „Browne Edition Z Flip“, така што ќе постојат соодветни верзии и на „Galaxy Watch“ часовникот и слушалките „3 Galaxy Buds Live“.

Со оглед на поврзаноста со познатиот бренд, овој смартфон лесно би можел да стане еден од најскапите смартфони на „Samsung“ на сите времиња.

„Thom Browne Galaxy Z Flip“ целосно нов чинеше 2.480 долари, односно околу 1.380 долари повеќе во однос на стандардниот „Z Flip“. Се очекува дека „Z Fold2“ ќе има нешто поголема основна цена во однос на претходникот, така што е можно новиот „Thom Browne“ да ја помине цифрата од 3.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП