2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОхридска банка АД Скопје оствари солидна добивка од 2,5 милиони евра за...

Охридска банка АД Скопје оствари солидна добивка од 2,5 милиони евра за првото полугодие од годината

Охридска банка АД Скопје за периодот од 1.1.2020 до 30.06.2020 оствари добивка во висина од 155,1 милиони денари и бележи намалување од 44,3% споредено со истиот период минатата година со реализација на планот од 70,5 %. На остварениот резултат влијание има работењето во услови на глобална пандемија и нејзините ефекти врз глобалната побарувачка и понудата на економски и финансиски ресурси, во услови на значителна неизвесност во економската активност на голем дел од деловните и економските субјекти.

Нето-приходите од камати на крајот од првото полугодие од 2020 година изнесуваат 524,1 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 38,4 милиони денари, или за 6,8 % со реализација на планот од 92,3 %. Реализацијата на нето каматните приходи во најголем дел е под влијание на значителниот пазарен притисок, а со тоа и пад на активните каматни стапки за кој пазарните услови не дозволуваат истиот да биде соодветно компензиран на страната на изворите на средства, како и помалиот износ на запишани хартии од вредност согласно одлуката на Народна банка за намалување на износот кој деловните банки може да го запишат во благајнички записи како и намалената каматна стапка на државните записи што влијаеше на намалување на обемот.

Приходите од камати бележат намалување за 46,5 милиони денари, додека трошоците за камати бележат намалување од 8,1 милиони денари. Намалувањето на каматните приходи е резултат на пониските каматните приходи од пласмани кај секторот компании кој беше под најголем пазарен и конкурентски притисок кај активните каматни стапки, додека приходите од камати на кредитите кај население и покрај влијанието на пониската просечна каматна стапка, бележат раст благодарение на зголемената состојба.

Нето-приходот од провизии и од надоместоци, во износ од 139,6 милиони денари, е намален за 29,5 милиони денари или за 17,4 % во однос на истиот период минатата година со реализација на планот од 81,4 %.  Приходите од провизии и  надоместоци бележат намалување од 23,3 милиони денари, при што значително е намалувањето на  провизиите од платните системи како резултат на намалениот обем на трансакции, провизиите од услугите кај кредитните производи, издадените гаранции, картичното работење исто така бележат намалување. Трошоците за провизии и за надоместоци бележат зголемување за 6,1 милиони денари во однос на вториот квартал претходната година, на што поголемо влијание имаа активностите поврзани со картичното работење и износот на надоместок за услуги од финансиски институции.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 58 милиони денари, и се намалени за 15,8  милиони денари или за 21,5 % во споредба со истиот период од минатата година, со реализација на планот од 75,5 %,во најголем дел поради намалената активност на економските субјекти во услови на глобална пандемија.

Другите приходи изнесуваат 21,1 милиони денари и во споредба со истиот период од минатата година се намалени за 42,2 милиони денари. На износот на другите приходи во минатата година најголем ефект имаше остварениот приход од отстапување на претходно отпишани побарувања.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од  јуни 2020 година изнесува 202,8 милиони денари и, споредено со истиот период во 2019 година, бележи зголемување од 4,5 милиони денари, со реализација на планот од 92%.

Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ јуни изнесуваат 384,8 милиони денари, со реализација на планот од 94 %, а споредено со претходната година, бележат намалување од 6,8 милиони денари, при што намалување има кај трошоците за вработените, трошоците за службени патувања, трошоци за транспорт на готовина, трошоците за осигурување и трошоците за закупнини. Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците поврзани со картичното работење, трошоците за хардвер и софтвер, со осигурувањето на депозити. Заради преземање на неопходните мерки за заштита на вработените и на клиентите, а во согласност со препораките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, бележат пораст трошоците за набавка на заштитни маски, опрема, средства за хигиена и за дезинфекција на просториите на Банката.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП