19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина 15 денa без локално пренесени случаи на коронавирус

Кина 15 денa без локално пренесени случаи на коронавирус

Кина пријави 17 нови случаи на Ковид-19, додека претходниот ден имало 9, објави Националната здравствена комисија.

Сите нови случаи на инфекција се потврдени кај патници од странство, така што Кина го забележа 15. ден без локално пренесени случаи на инфекција, јавува „Ројтерс“.

Бројот на пријавени асимптоматични случаи е 19, додека претходниот ден имало четири.

Во Кина потврдени се 85.048 случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, а починале 4.634 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП