26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Xiaomi“ ја претстави третата генерација на технологијата за камери под екранот (ВИДЕО)

„Xiaomi“ ја претстави третата генерација на технологијата за камери под екранот (ВИДЕО)

„Xiaomi“ ја навести својата трета генерација на технологијата за камера под екранот, што ќе им даде на телефоните вистински „full-screen“ екран.

„Xiaomi“ за прв пат објави тизер за технологија за камера под екран во јуни минатата година. Оттогаш, компанијата работи на подобрување на технологијата и „Xiaomi“ сега истакнува дека е подготвена да започне со масовно производство на телефонот со камера под екранот во 2021-ва година.

За третата генерација на технологијата, „Xiaomi“ вели дека има значително подобрен ефект на цел екран преку прилагоден распоред на пикселите и оптимизација на алгоритмот на камерата, за да се добијат истите перформанси како и стандардните предни камери на телефоните.

„Xiaomi“ истакнува дека со новата технологија успеала да осигура дека светлината поминува низ отворите во под-пиксели. Компанијата исто така споменува дека, во споредба со другите решенија на пазарот, новото решение има двојно повеќе од хоризонталните и вертикалните пиксели, со што се постигнува иста густина на пиксели на дисплејот над областа каде е камерата, како и во делот подолу.

„Xiaomi“ исто така разви специјален дизајн на струјни кола што му овозможува да крие повеќе компоненти под „RGB“ под-пикселот, со што ќе се зголеми преносот на светлината до камерата под екранот. Овие подобрувања резултираа во тоа што камерата под екранот има ист квалитет на слика како и стандардната предна камера.

Првите телефони на „Xiaomi“, кои ќе ја имплементираат новата технологија на камери под екранот, се очекуваат во текот на 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП