8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Lord & Taylor“ ги затвора стоковните куќи по речиси два века постоење

„Lord & Taylor“ ги затвора стоковните куќи по речиси два века постоење

Компанијата „Lord & Taylor“ соопшти дека ќе ги затвори преостанатите 38 трговски центри и така ќе остане без продавници по речиси два века постоење.

Уште една жртва од последиците од пандемијата на ковид-19, ланецот на трговски центри „Lord & Taylor“ на почетокот на август поднесе барање за банкрот и започна со потрага за можни купувачи на нејзините брендови „Lord & Taylor“ и „Le Tote“.

„Иако се уште имаме различни можности, веруваме дека е разумно да ги ставиме останатите продавници во ликвидација, за да се максимилизира вредноста на инвентарот во недвижнини“, рече Ед Кремер, директор за реструктуирање на компанијата.

Инаку, „Lord & Taylor“ првата стоковна куќа ја отвори во Њујорк во 1826-та година и тоа беше првата ваква продавница во Америка.

Со популаризацијата на овој вид понуда за малопродажба, „Lord & Taylor“ многу бргу порасна во респектибилен ланец на стоковни куќи и трговски центри, кои долго време беа синоним на високата мода и гламурот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП