28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ја продолжува одлуката за работниците од Западен Балкан

Германија ја продолжува одлуката за работниците од Западен Балкан

Гермнската влада ја усвои одлуката за продолжување на правилата имиграција на неквалификувана работна сила од Западен Балкан до 2023-та година.

Со ова им се овозможува на граѓаните од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, како и од Косово, Албанија и Црна Гора, независно до формалните квалификации за вработување, да допатуваат во Германија, објави Министерството за труд и социјална политика на Германија на својата официјална интернет страна.

Новитет е воведувањето на квотата од 25.000 работници годишно кои пристигнуваат од Балканот.

„Продолжувањето на правилата за Западен Балкан за три години е добро за германската економија. Некои индустрии, како што е градежништвото, и натаму бележат експанзија и потребни им се работници. Недостатокот на стручен кадар не смее во овие индустрии да го стопира растот“, рече министерот Хубертус Хајл.

Тој додаде дека пристигнувањето на квалификувана работна сила се овозможува доколку нема таква работна сила во Германија или ЕУ.

Старото правило е на сила до крајот на 2020-та, а од неговото стапување на сила се покажа како многу корисен начин за легална работна миграција.

„И резултатите за проценка на Институтот за истражување на пазарот на труд се позитивни. Покажуваа дека 58 проценти од работниците од земјите од Западен Балкан се на ниво на стручна квалификувана работна сила или повеќе“, се наведува на сајтот на Министерството.

Одлуката за новото правило треба да ја усвои горниот дом на германскиот парламент, „Будесрат“ која е на дневен ред на 9-ти октомври.

По усвојувањето во „Бундесрат“ одлуката ќе стапи на сила од 1-ви јануари 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП