25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е редизајнираниот модел Porsche Panamera (ФОТО)

Ова е редизајнираниот модел Porsche Panamera (ФОТО)

„Porsche“ објави фотографии и технички детали од моделот „Panamerа“ зa 2021-ва година, претставена е и новата „Turbo S“ верзија.

„Porsche“ својата тизер кампања за новиот изглед на „Panamerа“, во рамките на која објави снимка од рекордниот круг на Нирбургринг, ја заврши со онлајн премиера на овој модел.

Покрај стандардната лимузинска верзија, освежена е и „Sport Turismo“ верзијата.

Најголем новитет во гамата на „Panamerа“ зa 2021-ва е „Turbo S“ моделот.

Новата верзија доби помоќен мотор од оној кој го имаше претходниот „Turbo“, a станува збор за 4.0-литарски „V8“ со 620 KS и 820 Nm, што е за 70 „коња“ и 50 Nm повеќе од претходно.

Дополнителната моќ го скрати забрзувањето до „стотка“ за 0,1 секунди, a максималната брзина е 315 km/h.

„Turbo S“ не е единствениот новитет во редизајнираниот модел. „Porsche“ исто така ја претстави и „Panamerа 4S E-Hybrid“ зa 2021-ва, нова „plug-in“ хибридна верзија на овој автомобил.

Хибридниот погонски систем се состои од 2.9-литарски „V6“ агрегат и електромотор со вкупна комбинирана моќ од 552 KS, додка максималниот вртежен момент изнесува 750 Nm.

Максималната брзина на овој автомобил е 298 km/h.

„Panamera 4S E-Hybrid“ сега има батерија со поголем капацитет (17,9 kWh наместо 14,1 kWh), што е доволно автомобилот да може и до 54 km само на електрична енергија.

Покрај овие верзии, тука е и новата основна верзија на „Panamerа“, која има 2.9-литарски твин-турбо мотор со 325 KS и 450 Nm.

Покрај подобрувањата на планот на моторизација, „Panamera“ зa 2021-ва има и освежен дизајн на надворешноста, а промените очекувано се дискретни.

На купувачите исто така ќе им бидат понудени и две нови нијанси за надворешната боја – „Truffle Brown Metallic“ и „Cherry Red Metallic“.

„Porsche“ објави дека цената на освежената „Panamerа“ во Германија стартува од 91.345 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП