19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПазарната капитализација на „Tesla“ надмина 400 милијарди долари

Пазарната капитализација на „Tesla“ надмина 400 милијарди долари

„Wall Street“ продолжува да биде оптимист во врска со акциите на „Tesla“, кои пораснаа во средата, откако „Jefferies“ повеќе од двојно ја зголеми целта за цената на акциите. Според аналитичар во инвестициската компанија, производителот на „Model 3“ ќе продолжи да се здобива со конкурентност, вклучително и преку подобрените батерии и индустриската ефикасност.

Аналитичарот Филипе Хучиос ја зголеми целта за акциите на „Tesla“ од 1.200 долари на 2.500 долари – што е највисока на „Wall Street“, покажуваат податоците на „Bloomberg“. Акциите на компанијата се искачија на 2.153,81 долари (6,6%), а неколку минути пред 22:30 часот по македонско време нивната цена падна малку на 2.146,59 долари.

Вредноста на акциите се зголеми за повеќе од пет пати од март, што ја зголеми пазарната капитализација на „Tesla“ на повеќе од 400 милијарди долари во средата. Тоа е повеќе од „Walmart Inc.“, како и од „Johnson & Johnson“. Причината за растот не е толку јасна, иако според експертите и аналитичарите тој е воден од очекувањата дека компанијата наскоро ќе стане дел од широкиот „S&P 500“. Оптимизмот расте со пристапот на таканаречениот ден на батеријата – закажан настан за 22-ри септември, за кој се очекува да се претстави нова технологија која дополнително ќе го запали ентузијазмот на пазарите.

Извршниот директор Елон Маск изјави претходно оваа недела дека масовното производство на батерии со значително поголем енергетски капацитет е многу близу.

Според аналитичарот Филипе Хучиос, иако инвестицискиот сентимент околу компанијата е често фокусиран на автомобилите, влијанието на овој сегмент ќе започне да се намалува на штета на другите – вклучително и зајакнување на вредноста на брендот, намалувањето на капиталните трошоци и подобрувањето на продуктивноста и софтверот.

„Веруваме дека разликата во вреднувањето (на другите компании во секторот) во однос на „Tesla“ ќе остане широка или поширока се додека производителите на автомобили не започнат да остваруваат одржлив бизнис со електрични автомобили и да се ослободат од „заостанатите“ средства и нивните соодветни обврски“, рече Хучиос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП