23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Google“ инвестира 100 милиони долари во телемедицинска компанија

„Google“ инвестира 100 милиони долари во телемедицинска компанија

Клауд секторот на „Google“ инвестира 100 милиони долари во „Amwell“, порано позната како „American Well“. Тоа е компанија која прави технологија за виртуелни посети на лекар, пишува „CNBС“.

Компанијата има доставено документи за почетна јавна понуда.

Како дел од партнерството, „Amwell“ ќе пренесе делови од својот бизнис од веб-услугите на „Amazon“, кои во моментов ги користи, на „Google Cloud“. Конкретно, „Amwell“ го избра облакот на „Google“ како „најпосакуван глобален облачен партнер“ и префрли дел од своите видео способности на таа платформа, се вели во соопштението за компаниите. Двете компании исто така ќе соработуваат на технологијата и ќе работат заедно на продажба за да го прошират присуството на „Amwell“ во овој сектор.

Сите најголеми технолошки компании се надеваат дека ќе склучат договори со здравствени клиенти, вклучувајќи ги и осигурителните и болничките клиенти, бидејќи полека се движат од нивните локални системи во облачните услуги.

Директорот на „Google Cloud“ за глобални здравствени решенија Ашима Гупта изјави дека очекува да продолжи да има зголемена потрошувачка на телемедицински решенија заради „поповолна исплата и додека потрошувачите ова го гледаат како клучна опција“. Бидејќи повеќе луѓе од кога било избегнуваат да бараат лична медицинска нега во болниците и клиниките, употребата на виртуелни часови од страна на лекарите доживеа бум во последните месеци.

Гупта вели дека двете компании планираат да додадат повеќе можности за машинско учење на услугата во иднина.

Во мај, „Amwell“ објави дека забележува зголемување на посетите од 1.000 проценти поради коронавирусот, а на некои места скокот бил помеѓу 3.000 и 4,000 проценти. Во своите „IPO“ документи, компанијата тврди дека за првите шест месеци од оваа година, нејзините приходи се зголемиле за 77% во однос на истиот период од претходната година, од 69 милиони долари на 122 милиони долари. Сепак, нејзината нето загуба е скоро тројна во истиот период, што се зголеми од 41 милиони долари во првата половина на 2019-та година на 111 милиони долари во првата половина на 2020-та година.

Во меѓувреме, „Amwell“ се соочува со силна конкуренција од „Livongo“ и „Teladoc“, две компании кои неодамна се споија во договор од 18,5 милијарди долари.

„Amwell“ во моментов работи со приближно 2.000 болници, 55 здравствени планови и 36.000 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП