Во претходниот период имаше многу гласини од извори кои тврдеа дека имаат информации за целосно новиот модел „Nintendo Switch“.
Една од нив се покажа како точна, кога во текот на 2019-та година беше претставен моделот „Switch Lite“. Новите информации сугерираат дека „Nintendo“ се подготвува за производство на новиот „Switch“ модел кој ќе се појави на почетокот на 2021-ва.
„Economic Daily News“ од Тајван сугерира дека новата верзија на „Nintendo Switch“ ќе понуди подобрена интерактивност. Oва укажува на редизајн на „Joy-Con“ контролерот, а би можел да пристигне и дисплеј со подобар квалитет.
Изворите на овие информации, наводно, биле вклучени во производството на „flash“ магацините, контролорите и другите сектори на производство за „Nintendo“. Засега, не е можно да се потврдат овие информации.
Ова не е прв пат да се споменуваат информации за новиот „Switch“ модел. Премиум моделот „Switch Pro“ се споменуваше уште во текот на 2018-та, само една година подоцна по објавата на оргиналната конзола. Сепак, „Nintendo“ официјално не се огласи во врска со ова прашање.