
Македонската банкарска асоцијација(МБА) ја известува јавноста дека банките и овој месец предвремено ќе ја извршат исплатата на августовските пензии.


Македонската банкарска асоцијација(МБА) ја известува јавноста дека банките и овој месец предвремено ќе ја извршат исплатата на августовските пензии.
Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, веќе во среда, 26 август 2020 година, преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.
Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, ќе се спроведе во групи, според следниот распоред:
Овој распоред важи и за корисниците на пензии од „Еуростандард банка“ АД Скопје кои до 21.8.2020 година отвориле трансакциска сметка во банката преку која што би сакале во иднина да им се врши исплата на пензијата.
За корисниците на пензии кои од „Еуростандард Банка“ АД Скопје ќе се префрлат во друга банка по 21 август банките ќе обезбедат дополнителни исплати на 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година.
Потсетуваме дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца.