28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку трошат најпопуларните електрични автомобили?

Колку трошат најпопуларните електрични автомобили?

Независните тестови покажуваат значителни разлики помеѓу официјалната километража и реалнaтa.

Во моментов, „Tesla“ е апсолутен лидер во километражата на своите модели на пазарот на електрични автомобили, барем до појавувањето на машините „Lucid Motors“.

Новиот американски производител ветува индикатор во рамките на 830 км од својот седан на „Air“, но тој ќе биде претставен на 9-ти септември, а почетокот на неговата продажба е закажана за средината на 2021-ва година. Може да напише ново поглавје во историјата на возилата кои се напојуваат со електрична енергија.

Според официјалните податоци, „Tesla“ и нејзиниот „Model S“ се во предност според опсегот со едно полнење, пресметано со циклусот на тестот „WLTP“. Резултатот на луксузниот седан е 610 км. Но, што се случува во реалниот живот? На ова прашање одговараат експерти од „Auto Plus“, кои лично решија да ја проверат километражата на секој електричен автомобил во Топ 10.

И резултатите од нивните тестови, кои беа спроведени на тест-локација во близина на францускиот град Есон, покажаа доста интересни резултати.

Топ 10 електрични автомобили според нивната километража:

10. Nissan Leaf – 326 км (384 км според WLTP)

9. Mercedes EQC 400 – 332 км (414 км според WLTP)

8. Tesla Model X – 370 км (470 км според WLTP)

7. Jaguar I-Pace – 372 км (470 км според WLTP)

6. Kia e-Nirо – 381 км (455 км според WLTP)

5. Audi e-tron 55 – 387 км (466 км според WLTP)

4. Hyundai Kona EV – 393 км (449 км според WLTP)

3. Kia e-Soul – 397 км (452 км според WLTP)

2. Tesla Model 3 – 434 км (560 км според WLTP)

1. Tesla Model S – 491 км (610 км според WLTP).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП