26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Aramco“ се откажува од договорот за рафинерија во Кина вреден 10 милијарди...

„Aramco“ се откажува од договорот за рафинерија во Кина вреден 10 милијарди долари

Саудиска нафтена компанија „Saudi Arabian Oil Co.“ го раскина договорот за изградба на комплексот за рафинирање на сурова нафта од 10 милијарди американски долари во Кина, објави „Bloomberg“, повикувајќи се на луѓе запознаени со оваа материја. Одлуката на компанијата е да ги намали трошоците за справување со ниските цени на нафтата.

Компанијата, попозната како „Saudi Aramco“, одлучи да ги прекине инвестициите во објектот во североисточната кинеска провинција Лиаонинг по разговорите со локалните партнери.

Неизвесните изгледи на пазарот се во срцето на оваа одлука, велат извори кои посакаа да останат анонимни.

Во моментов од компанијата „Aramco“ одбиваат да коментираат на оваа тема.

Падот на цените на нафтата во пролетта и влијанието на коронавирусот врз побарувачката на енергија ги сменија плановите за нови проекти од енергетските компании ширум светот.

„Aramco“ планира длабоки намалувања на трошоците на капиталот, додека се обидува да ја одржи дивидендата од 75 милијарди долари, во услови на ниски цени на нафтата и зголемениот долг. Саудиска Арабија, главниот примател на дивидендата, е под голем притисок на своите јавни финансии.

Воспоставување на заедничко вложување меѓу „Saudi Aramco“ и „China North Industries Group Corp.“ (Norinco) беше потпишан кога саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман го посети Пекинг во февруари 2019-та година. Договорот се сметаше за „извонреден“ со клучниот сојузник на Кралството.

Идејата на Саудијците беше да се спојат со „Norinco“ и да создадат компанија наречена „Huajin Aramco Petrochemical Co.“. Кралството планирало да снабдува до 70% од нафтата која секој ден е потребна за рафинеријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП