26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБизнис империјата на Трамп под лупа на криминална истрага

Бизнис империјата на Трамп под лупа на криминална истрага

Судија на федералниот суд го отфрли барањето на претседателот да го одложи инспекцискиот надзор за неговите даночни пријави, што го побара обвинителот од Менхетен како дел од истрагата за градежните инвестиции на семејството Трамп, пренесува „Reuters“.

Судијата на федералниот суд Виктор Мареро ја донесе оваа одлука само еден ден откако го отфрли аргументот на правниот тим на Трамп, во кој се вели дека барањето на окружниот обвинител да организира расправа пред голема порота е претерано.

Судијата Мареро ја отфрли можноста за одложување на поканата на рочиштето затоа што правниот тим на Трамп не расправаше доволно убедливо дека жалбата што ја поднеле ќе биде успешна и дека неговото доаѓање на сослушувањето може да предизвика непоправлива штета на интересите на Трамп.

Наспроти неговите претходници во Белата куќа, Трамп одби да биде транспарентен и да ја претстави својата даночна пријава пред американската јавност.

Судската постапка против Трамп е покрената по откритието дека американскиот претседател од непријавени, наводно сомнителни финансиски извори, ги поткупил поранешната порно глумица Сторми Даниел и поранешната „плејбој зајачица“ Керен Мекдугал, по нивните тврдења дека биле во сексуална врска со него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП