16 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје прокнижи добивка од над 15 милиони евра за...

Стопанска банка АД Скопје прокнижи добивка од над 15 милиони евра за периодот јануари-јуни 2020

Во периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година Стопанска банка АД Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 1.057.284 илјади денари.

Нето приходите од камати изнесуваат 1.838.365 илјади денари додека нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 353.854 илјади денари и се намалени за 8,9% во однос на крајот од првото полугодие во 2019 година.

Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 27,7%, додека останатите расходи од дејноста зголемување за 2,1%.

Трошоците за вработени на СБ за вториот квартал од 2020 година изнесуваат 439.539 илјади денари.

Во анализираниот период, СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 445.515 илјади денари, соодветно на структурата и порастот на кредитната изложеност. Во првото полугодие од годината не е забележана загуба поради оштетување на нефинансиски средства, на нето основа.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП