26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата рударска компанија во светот се „бори“ со јагленoт

Најголемата рударска компанија во светот се „бори“ со јагленoт

Компанијата „BHP Group“ ги објави плановите да ги затвори своите рудници за јаглен за да се подготви за идните ограничувања на стакленичките гасови, при што компанијата сè уште се потпира на фосилните горива за да го одржи својот бизнис со децении, објави „Bloomberg“.

Најголемата рударска компанија во светот ја забрзува продажбата на акциите во своите рудници во Австралија и Колумбија, планирајќи да го сврти грбот на две постројки за кокс на јаглен и удел во бизнисот со нафта и гас контролиран од американскиот енергетски гигант „Exxon Mobile Corp“.

Главниот извршен директор Мајк Хенри започнува долгорочна транзиција во портфолиото на „BHP“, во услови на зголемена побарувачка за обновлива енергија, храна и електрични возила преку растот на работењето со бакар, никел и поташа (калиум карбонат).

Во исто време, „BHP“ сака да има корист од смената на суровините со повисок квалитет во кинескиот челичен сектор и нафтениот пазар, за кои Хенри вели дека поминал низ најлоши ризици поврзани со коронавирусот.

„Ќе има поголема побарувачка за јаглен со повисок квалитет, затоа остануваме посветени на јадрото на нашето портфолио“, рече Хенри за „Bloomberg“.

„BHP“ и понатаму ќе ја ископува железната руда, што претставува најголем дел од профитот на компанијата и очекува да го зголеми производството дури и кога паѓаат цените откако ќе достигнат едногодишно високо ниво, потенцираше Хенри.

Групата соопшти дека планира да го продаде својот 50-процентен удел во заедничко вложување во нафта и гас со „Exxon“ во Југоисточна Австралија. „Exxon“ изјавува дека тие исто така имаат намера да се дистанцираат од компанијата.

Следниот месец, „BHP“ може да постави поамбициозни цели за намалување на емисијата на стакленички гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП