П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Јуни 2020 година оствари добивка на износ од 11.927 илјади денари која е повисока од лани кога изнесувала 5.659 илјади денари.
Остварените консолидирани вкупни приходи за првото полугодие во 2020 година изнесуваат 1,219,907 илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат раст од 6%. Во структурата на вкупните консолидирани приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2019 година бележи раст од 6%.
Остварените консолидирани вкупни расходи за првото полугодие во 2020 година изнесуваат 1,162,088 илјади денари и во споредба со остварените во 2019 година бележат раст за 6%. Растот на вкупните консолидирани расходи е во корелација со работењето за првото полугодие во 2020 година.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.