26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХотели- Метропол А.Д. Охрид за првата половина од годината прокнижи загуба од...

Хотели- Метропол А.Д. Охрид за првата половина од годината прокнижи загуба од 40 милиони денари

Хотели- Метропол А.Д. Охрид за периодот јануари- јуни 2020 година оствари загуба на износ од 40.100 илјади денари.

Приходите од работењето на Хотели- Метропол А.Д. Охрид за периодот јануари- јуни 2020 година изнесуваат 10.099 илјади денари и покажуваат намалување од 85% во однос на приходите за овај период 2019 година. Од овој приход на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 8.774 илјади денари. Останатите приходи во износ од 1.325 илјади денари бележат зголемување во однос на минатата година. Финансиските приходи бележат намалување во однос на истите во првиот семестар од 2020.

Расходите од работењето во износ од 49.349 илјади денари, бележат намалување од 32 % во однос на расходите за овај период во 2019 година. Најголемо учество во вкупните расходи со 50,5% имаат трошоците за вработените во износ од 24.920 илјади денари, кои бележат намалување од 17,4%. Трошоците за суровини и материјали во износ од 7.291 илјади денари имаат учество од околу 14,8% во вкупните расходи, односно се намалени за 68,5% во однос на иститот период минатата година. Останатите трошоци бележат исто така намалување во однос на истите од претходната година. Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите во претходната година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП