27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкротираше познатиот ланец на ресторани

Банкротираше познатиот ланец на ресторани

Повеќе од 300 ресторани од познатиот ланец „Pizza Hut“ ќе бидат трајно затворени по бранкротот на една од најголемите франшизи на овој бренд.

Компанијата „NPC Internacional“, која е во стечајна постапка, постигна во понеделникот договор со сопствениците на „Pizza Hut“, компанијата „Yum“, за затворање на четвртина од своите ресторани и продажба на останатите, објави „CNN“.

Овој бизнис неуспех на „NPC Internacional“ се препишува на воведување на вонредните мерки поради коронавирусот и долговите од речиси милијарда долари.

Од „Pizza Hut“ беше соопштено дека на споменатите 300 локации функционирале многу лошо во споредба со другите локации на овој познат бренд за брза храна, како и дека компанијата ќе им помогне на работниците кои останале без работа да преминат во други ресторани на „Pizza Hut“.

Компанијата „NPC Internacional“ има вкупно 1.227 локации на кои работат рестораните на „Pizza Hut“, а тоа е приближно 18 проценти од вкупно 6.700 локации на „Pizza Hut“ во САД, а води и 6.500 ресторани за брза храна на брендот „Wendy”s”“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП