20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Sanofi“ ќе купи американска компанија за биотехнологија за 3,4 милијарди долари

„Sanofi“ ќе купи американска компанија за биотехнологија за 3,4 милијарди долари

Француската фармацевтска компанија „Sanofi“ планира да ја купи американска компанија за биотехнологија „Principia Biopharma Inc“ во договор од 3,4 милијарди американски долари, пренесува „Bloomberg“. Групацијата со седиште во Париз се свртува кон иновативни терапии за зајакнување на растот под новиот извршен директор Пол Хадсон.

Договорот ќе му овозможи на „Sanofi“ да преземе целосна контрола врз компанијата, која се фокусира на лекување на мултиплекс склероза и голем број на автоимуни заболувања, се вели во денешното соопштение.

„Bloomberg“ минатиот месец објави дека „Sanofi“ истражува потенцијални аквизиции на американски компании за биотехнологија, вклучително и „Principia“.

Според најавата, „Sanofi“ ќе плати 100 долари по акција, што е премија од 10% над цената на акциите на „Principia“ на крајот на тргувањето во петок, што скокна скоро 66% од почетокот на оваа година. Така, вкупната вредност на капиталот ќе изнесува приближно 3,7 милијарди долари.

Договорот е вторa по големина фармацевтска аквизиција оваа година, откако „Gilead Sciences Inc“ се согласи во март да плати 4,9 милијарди американски долари за купување на производителот на лекови за рак, „Forty Seven Inc.“ и ќе му овозможи на „Sanofi“ пристап до голем број на лекови познати како „VTC“ инхибитори кои се развиваат за лекување на автоимуни нарушувања.

Главниот извршен директор Хадсон се обидува да ја модернизира француската компанија со тоа што ќе се фокусира на брзорастечките области каде новите лекови обезбедуваат поголем приход.

На одлуката на „Sanofi“и претходеше декемврискиот договор на фармацевтскиот гигант за купување на „Сиnthorx Inc.“ за 2,5 милијарди долари. Хадсон најави нова стратегија за компанијата, велејќи дека ќе го прекине својот „лов“ за нови лекови за дијабетес и срцеви заболувања, што ќе и помогне на компанијата да заштеди повеќе од 2 милијарди долари и да се фокусира на области со кои созреаа за иновации, како што е третман на рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП