23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ferrari“ се подготвува за премиерата на својот мал хибрид (ВИДЕО)

„Ferrari“ се подготвува за премиерата на својот мал хибрид (ВИДЕО)

Уште пред пет години „Ferrari“ започна да развива хибриден модел со бензински „V6“ мотор и веќе изгледа дека таков автомобил ќе се појави многу наскоро. Прототипот на моделот е забележан за време на тестовите на патеката „Фиорано“, а се појавија и фотографии и видео од хибридот.

Самата компанија има стекнато доволно искуство со „мешани“ единици. Ова ќе биде четврт хибрид на „Ferrari“ по „SF90 Stradale“ (2019-та), концептниот модел „HY-KERS“ (2010-та) и хиперавтомобилот „LaFerrari“. Покрај тоа, италијанскиот производител користи хибриден погон во Формула 1, каде автомобилите на „Скудерија“ се опремени со 1,6-литарски „V6“ агрегат со турбополнач и дополнителен електричен мотор.

Компанијата се уште нема донесено конечна одлука дали овој хибрид модел ќе го прилагоди да биде „патнички“, како што е случајот со хиперавтомобилот „Mercedes-AMG One“. Поверојатно е дека Италијанците ќе користат 2.9-литарски „V6“ мотор кој е монтиран во „Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio“ и во „Giulia GTA“, кој ќе работи со дополнителен електричен мотор.

Всушност, овој мотор е модификација на моторот „V8 Ferrari F154“ (со работен обем од 3,9 и 4,0 литри), што се користи за многу модели на „Ferrari“ – од фамилијата „488“ до моделите „SF90“. Другата опција е за поставување на 3,0-литарскиот „V6“ турбо мотор од „Maserati Netuno“, кој од техничка гледна точка во голема мерка го повторува „V8 Ferrari F154“.

Прототипот забележан на „Фиорано“ се заснова на „Ferrari 488 Pista“, но со предниот дел на „F8 Tributo“, со издувни цевки поставени повисоко. Црниот заден прозорец не дозволува моторот да се гледа, но високо-напонските налепници за предупредување предупредуваат дека станува збор за хибриден модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП