8 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНорвежани си прават сопствено сонце

Норвежани си прават сопствено сонце

sonce

Првите луѓе на индустрискиот град Рјукан во Норвешка поради недостаток на директната сончева светлина во текот на зимата мораа да најдат некое решение како улиците во градот да бидат осветлени од сонцето.

Напикан длабоко во долината на карпестата област Телемарк, Рјукан во текот на зимските месеци меѓу септември и март нема директна сончева светлина. Буквално, нема ниту еден сончев зрак.

Со години жителите желни за сонце заминуваат со жичарницата која е изградена за таа цел на врвот на планината за да можат малку да уживаат во сонцето.

Меѓутоа сега тие превземаа сериозни чекори како во долгите зимски месеци малку да се стоплат. Имено во последните неколку недели со помош на хеликоптери се работи на поставување на три големи огледала на околните врвови на некои 450 метри над градот.

Гигантските огледала или хелиостати се направени така да го следат движењето на сонцето и да ја рефлектираат светлоста директно на плоштадот во Рјукан.

Идеата за огледалата не е нова. Прв пат пред околу сто години предлогот го дал некој работник кој живеел во близина на електраната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП